Македонија
21. September 2016 - 15:05

Саем на книга на „Матица македонска“ во Куманово

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ и издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје организираат четиридневен саем на книгата кој почна денеска и ќе трае до 24 септември. Кумановци ќе можат да ги купат најбараните наслови со саемски попусти.

- Саемот на книгата во Куманово е одлична можност за љубителите на книгата да ги збогатат своите домашни библиотеки. Љубовни, историски и семејни романи, трилери, класици, хумор, поезија..., саемот нуди широк избор за сите генерации и вкусови, изјави Марјан Петковски, директор на кумановската библиотека.

И во наредниот период, рече тој, ќе се организираат  саеми на книги со различни издавачки куќи. Заинтересираните читатели може да го посетат штандот во наредните денови од 10 до 19 часот. Покрај изданија на „Матица македонска“, во понудата се и книги по промотивни цени од издавачките куќи од Србија  „Вулкан“ и „Лагуна“.