Бизнис
23. December 2017 - 8:17

Саем на бизниси од општина Сарај

Во организација на Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз денеска ќе се одржи „Саем на бизниси од општина Сарај“.

На саемот ќе се презентираат компании кои делуваат и се од општина Сарај и ќе биде промовиран и „Каталог на бизниси на Општина Сарај“.

Во каталогот се опфатени податоци за околу 400 компании, каде може да се најдат и информации за нивната дејност, бројот на вработени, годишен приход итн.

На отворањето на саемот е најавено обраќање на претседателот на Советот на донатори при фондацијата „Албиз, Неџат Шахини и наградоначалникот на општината Блерим Беџети.