Садови за примарна селекција на отпад на 15 локации низ Куманово

Контејнери за примарна селекција на отпад на петнаесет локации во централното градско подрачје ќе постави Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово.
Металните садови се донација на „Пакомак“, информираше на денешната прес конференција, директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски.
- Граѓаните ќе имаат можност да извршат селекција на отпадот, хартија, пластика и стакло во посебни садови. Претпријатието ќе ги изнесува и на одредено место на депонијата ќе продолжи со селекција, изјави Стојчевски.
Собраните колични ќе се мерат на депонијата Краста. За одговорните ова е еден од начините за зачувување на животната средина и заштита на депонијата.
Стојчевски додава дека претпријатието ќе обезбеди дополнителен приход, бидејќи одредени фирми пројавиле интерес за откуп на отпадот.
- Комуналните редари ќе треба да го запазат редот при изнесување и скалдирање на отпадот, граѓаните да го почитуваат начинот на депонирање, апелираше Стојчевски.
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека ова е соодветен начин за рециклирање на отпадот и дека граѓаните од домовите, а најмладите од улилиштата ќе стекнат навики за селекција на отпадот во процесот кој ќе следи наредниот период.
- Следната година ќе одвоиме дополнителни средства за ангажиарње на комунални редари, а со ангажирање приватни агенции за обезбедување ќе спречиме создавање на диви депонии, изјави Димитриевски.
Потсети дека изминатиот период одвоени се значителни средства од општинскиот буџет за чистење на речните корита, дивите депонии, заклучувајќи дека за здрава животна средина потребна е повисока свест од сите чинители, вклучително и граѓаните.
Ново на Сител
-

Натпревари за „големото“ финале на Европското првенство во ракомет
-

Кривична за претседател на ловечко друштво од Струмица, проневерил повеќе од 1 милион денари
-

Премиерот Мицкоски на настан за програмата Еразмус+ на Економскиот факултет
-

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар во замена за доверливи податоци
-

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт
-

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони
-

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН
-

Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК
