EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар во замена за доверливи податоци

Колеџот на комесари на ЕУ донесе одлука да го раскине договорот за работа на високиот советник во Генералниот директорат за меѓународни партнерства (ДГ ИНТПА) на Европската комисија, Хенрик Хололеј врз основа на наодите од внатрешна истрага поврзана со наводни „административни прекршувања“.
Според извори во ЕК, станува збор за истрага иницирана од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) во 2023 година врз основа на добиени информации дека Хололеј разменувал доверливи детали за голем договор за катарското воздухопловство, за што за возврат примил подароци за себе и за негови блиски луѓе.
На препорака на ОЛАФ, во 2024 година Комисијата покрена сопствена дисциплинска постапка против Халолеј, која лани пронајде докази за „неовластено прифаќање подароци, судир на интереси и прекршување на принципите на доверливост“.
Во времето за кое се однесува истрагата Хололеј ја извршуваше функцијата генерален директор на Генералниот директорат за мобилност и транспорт на ЕК (ДГ МОВЕ).
Хололеј беше прв човек ДГ МОВЕ од октомври 2015 до март 2023 година, а еден месец потоа е именуван на досегашната позиција во ДГ ИНТПА.
Претходно, од 2001 до 2002 година Халолеј е министер за економски работи на Естонија, за од мај 2004 година да биде именуван за шеф на кабинетот на поранешниот естонски еврокомесар Сим Калас, должност што ја извршува до ноември 2013 година кога е избран за заменик генерален секретар на ЕК.
Инаку, Сим Калас е татко на актуелната висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
