САД: Жртва на киднапирање се спои со семејството по 70 години
Луис Армандо Албино на шест години бил киднапиран додека си играл во парк во Оукленд, Калифорнија, САД, во 1951 година. Сега, повеќе од 70 години подоцна, Албино е пронајден.
„Мерќури њуз“ прв објави дека внуката на Албино, Алида Алекин, користејќи ДНК-тест, исечоци од весници, но и со помош од полицијата, ФБИ и Министерството за правда - го нашла нејзиниот вујко кој живее на сосем спротивниот, Источен Брег на САД. Албино, според неговата внука, сега е пензиониран пожарникар, но и ветеран од Виетнамската војна, како и татко и дедо... Всушност, 63-годишна жителка на Оукленд го препознала Албино и го известила неговото семејство.
Албино и петте негови браќа и сестри, доселени од нивната мајка од Порторико, се преселиле во
Калифорнија летото 1950 година, пред неговото киднапирање во февруари.
Момчето си играло со својот 10-годишен брат Рогер во паркот „Џеферсон сквер“ близу семејниот дом, кога една жена го намамила нудејќи му бонбони, според стариот печат на „Оукленд трибјун“. Киднаперката потоа го однела на Источниот Брег, каде што бил вдомен кај двојка која го воспитала како свој син, како што ракажува Алекин.
- Во јуни, Албино повторно се споил со своето семејство во Калифорнија. Мајката на Албино, Антонија секогаш го спомнуваше Албино, сѐ до нејзината смрт во 2005 година. Таа чуваше и исечок од весникот од напис за неговото киднапирање во нејзиниот паричник, а фотографијата на Албино висела закачена во дневната соба. Таа секогаш имаше надеж дека тој ќе се врати дома, се потсеќа Алекин.
Во 2020 година, Алекин направила ДНК-тест, што подоцна покажал 22 отсто совпаѓање со човекот за кого се покажа дека е нејзиниот одамна изгубен вујко.
- Почнав да ги именувам сите браќа и сестри на мајка ми, па кога стигнав до најмладиот - Луис, бебето, се сепнав сред реченица, додаде внуката.
Така почнала потрагата која кусо потоа ја презеле и надлежните власти. На крајот и негово ДНК-тестирање го докажало неговиот идентитет, по што следеле „силни прегратки и солзи, како и долги седенки и разговори“ на повторното семејно спојување на Западниот Брег, вели Алекин.
Братот на Албино, Рогер почина набргу по таа средба летово. Албино планира уште една посета на Калифорнија следната година.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника