САД во СБ на ОН блокираа коминике за судирите во Газа
САД го блокираа усвојување на коминике во Советот за безбедност на ОН со кое се повикува на итна истрага за вчерашните смртоносни судири во Појасот Газа.
Во отфрлениот текст Советот за безбедност ја изразуваше својата вознемиреност од смртта на палестинските цивили, кои го користеле своето право на мирен протест. Во текстот се бараше независна и транспарентна истрага за трагичните настани.
- Советот за безбедност потврдува дека секоја одлука или потег кој претендира да го промени карактерот, статусот или демографскиот состав на светиот град Ерусалим нема никакви правни последици и треба да биде спречено согласно соодветните резолуции во Советот за безбедност, се наведува во блокираниот документ.
Над 40.000 Палестинци вчера учествуваа во протести во Појасот Газа во близина на границата со Израел против преместувањето на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Според последни податоци, израелските вооружени сили убиле најмалку 58 и повредиле 2.771 Палестинци, соопшти палестинското Министерството за здравство. Вкупно 1373 од повредените имале прострелни рани.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден