САД сто години го предводеа светот, време е за Европа

САД цел век го предводеа слободниот свет, а по победата на Доналд Трамп, Америка доброволно се откажа од таа улога, па време е Европа и Ангела Меркел да ја пополнат таа празнина.
Во јануари, кога Доналд Трамп ќе положи заклетва како 45-ти претседател на САД, американската ера ќе ја прослави својата 100-та годишнина, но истовремено тоа ќе биде и нејзин погреб.
Америка долго беше ориентир за Западот, но ако Трамп владее така како што ветуваше во текот на кампањата, земјата, по своја слободна волја, ќе се откаже од улогата лидер на слободниот свет, а тогаш е ред на Европа.
Континентот треба да го отфрли популизмот, мудро комбинирајќи го сериозното сфаќање на стравовите и соочувањето со гневот, не ограничувајќи ја слободата.
Крајно време е Европа да почне да придава поголемо значење на Европската унија, а шокот од победата на Трамп може да придонесе тоа навистина и да се случи.
За жал, Европа е во најлоша состојба во последните неколку децении. Британците ја напуштаат ЕУ, делумно од страв од слободата на другите, слобода да не се мигрира во Велика Британија. Многу влади ги истакнуваат прашањата кои ги разделуваат, а не тие кои ги обединуваат. Европските држави се оддалечуваат.
Што ќе се случи со Западот, Европа и Германија без САД како водечка сила?
Германија е чедо на Западот, посебно на САД, кое заживеа благодарение на широкоградоста на Америка, а сега е во состојба на длабок шок. Американскиот претседател секогаш истовремено бил и наш претседател, барем во извесна смисла, а Барак Обама беше достоен претседател на Западот. Сега мораме да се снаоѓаме без западното лидерство.
Во текот на 100-годишната заштитничка и раководечка сила на Западот, нејзините сојузници водеа релативно лагоден живот, можеа да си дозволат луксуз без ентузијазам да ја следат европската идеја, затоа што тука беа Американците.
Сега Европа веројатно ќе мора сама да се грижи за сопствената безбедност и тоа во времиња кога во нејзино соседство се Владимир Путин, Реџеп Тајип Ердоган и Исламската држава.
Западните лидери, без Америка, се соочени со монументални задачи. Германската канцеларка Ангела Меркел е претставничка на силна држава и има силни морални темели, што го покажа и бегалската криза. Таа не мора да биде Вудро Вилсон, но треба да стане одлучен лидер на Европа. Ако не биде тоа, тоа ќе значи дека не ги препознала знаците на времето.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
