САД размислуват за воена варијанта како одговор на програмата за вооружување на Северна Кореја
САД ја разгледуваат можноста за воена варијанта како одговор на континуираното развивање на севернокорејската програма за вооружување, изјави висок американски претставник, јави БТА.
Тој нагласи дека Пјонгјанг веројатно ќе изврши ново тестирање или на балистичка ракета или нов нуклеарен тест и прашање е кога тоа ќе го стори.
- Веќе се разгледуваат воените варијатни, изјави советник за надворешна политика во Белата куќа, кој побарал анонимност.
- За жал тоа не не изненадува, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун продолжува да ја разработува својата програма и да лансира ракети во Јапонското Море. Со тој режим прашање не е дали тоа ќе се случи, туку кога ќе се случи, рече советникот на Белата куќа.
Тој додаде дека разузнавачките служби постојано ги информираат претседателот и заменик-претседателот за ова прашање.
Во меѓувреме Пентагон не сакаше да даде коментар на објавата, што претходно ја даде Си-Ен-Ен за можен превентивен напад врз Северна Кореја.
Портпаролката Дејна Вајт изјави дека Министерството за одбрана „не ги разгледува идните операции и не прави јавни претпоставки за евентуални сценарија“.
- Командантите сепак го разгледаа целиот спектар на можности за дејствување, рече Вајт и додаде дека САД имаат должност за заштита на нивните сојузници, вклучувајќи ги Република Кореја и Јапонија, доколку се појават евентуални закани.
Заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја Хан Сонг-рјол во специјално интерву за АП, кое го пренесува БТА изјави дека ситуацијата на Корејскиот Полустров во моментов се наоѓа во еден маѓепсан круг.
- Северна Кореја нема да стои со скрстени раце по заканата од САД со превентивен напад, изјави високиот севернокорејски дипломат и додаде дека американскиот претседател Трамп внесува раздор со агресивните твитови.
- Северна Кореја ќе ја изврши следната нуклеарна проба, кога врховната команда ќе донесе одлука за тоа, рече Хан.
Ново на Сител
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија