Балкан
29. March 2018 - 12:35

САД предупредуваат на опасност од терористички напади во Косово

Амбасадата на САД во Приштина преупредува на зголемен ризик од терористички напади во Косово, посебно за време на велигденските празници.

Американските државјани треба да бидат внимателни за време на прославите на настаните за време на прославата на католички и православен Велигден.

Во предупредувањето од Амбасадата на САД се нагласува дека екстремистите  се фокусирани на туристички локации, трговски центри, кафулина, верски објекти и други „лесни“ мети и оти американските државјани треба да ги избегнуваат таквите места.