Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија
Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со носење на руското знаме и победничкиот транспарент на Црвениот плоштад, придружени со песната „Света војна“.
Рускиот претседател Владимир Путин го започна својот говор велејќи дека должност на Русија е да го брани достоинството на војниците на руската армија.
Тој истакна дека руското општество „ги поддржува учесниците во специјалната воена операција“.
„Вистината и правдата се на наша страна“, додаде тој.
Повеќе од 20 светски лидери присуствуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад оваа година, вклучувајќи ги претседателите на Кина, Си Џинпинг, на Венецуела, Николас Мадуро, на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, на Србија, Александар Вучиќ, на Република Српска, Милорад Додик и словачкиот премиер Роберт Фицо.
Како што јавуваат агенциите, на парадата учествуваат околу 10.000 воени лица, вклучувајќи војници од многу други земји, како и руски воен персонал кој се борел во Украина.
Традиционално, ќе бидат прикажани тенкови, системи за воздушна одбрана и ракетни системи. Планиран е и лет на руски борбени авиони.
Безбедносните мерки се построги од вообичаено поради заканите од Украина дека нема да го почитува едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Британија ќе ја развие инфраструктурата
-
Национален ден на Власите
-
Обвинителството бара притвори за Онкологија
-
Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци
-
Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас
-
Уапсен кавадарчанец кој возел со 3,05 промили алкохол во крвта
-
Спајиќ: Блиску сме до решение за воведување седумчасовен работен ден во Црна Гора