Силјановска Давкова: Генералка викенд треба да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси
Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од Скопскиот аквадукт претседателката Гордана Силјановска Давкова на почетокот на тридневната национална акција за чистење отпад „Генералка викенд“.
Забележувајќи дека треба да ја заштитиме природата на надлежните им предочи дека просторот кај Скопскиот Аквадуктот, кој е стар повеќе од 2.000 години треба да биде парк.
Таа се задржа на француските филозофи Русо и Мишел Сера за нивните ставови за потребата од природен договор, меѓу луѓето и природата.
- Договор во кој ќе гарантираат дека луѓето ќе ја штитат природата. Ние во правото велиме дека оној кој што е постар има посилни или поголеми права, ама прво настанале билките, па животните па луѓето. Луѓето се однесуваат како натрапници во рајот, тоа е факт. Ако не се смириме со природата ќе се самоубиеме. Тоа е факт, истакна Силјаноска Давкова.
Иницијативата ја поздрави и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, според кој, тоа е најмасовна волонтерска акција за чистење на отпадот во државата која од година во година станува се помасовна и станува симбол на тоа како свесноста за сопствената одговорност и добрата соработка дава видни резултати.
- Животната средина и особено ваквите споменици како што е Аквадуктот заслужуваат почит и грижа. Ваквите акции во кои сите заеднички покажуваме иницијатива, волја и подготвеност за соработка треба да бидат дел од нашето секојдневие. На отпадот не му е место на улица или во природата, рече Меџити.
Владата и МЖСПП, нагласи, ги поддржува сите акции во кои се покажува силна иницијатива, јака воља, инклузивност и желба да бидеме дел од промените со кои ќе се овозможи подобра иднина за нас и идните генерации.
Еко акцијата „Генералка викенд“ е во организација на „Мен енд Маунтен“ во соработка со Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал. Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина.
Ново на Сител
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц
-
Кривични пријави против две правни и две физички лица за бесправно градење