САД потврдија дека во Сирија е убиен и портпаролот на ИД, ал-Мухаџир
САД денеска потврдија дека во операцијата на американските сили на северот од Сирија е убиен портпаролот на Исламска држава, Абу ал Хасан ал-Мухаџир, кој важеше за втор човек на ова екстремистичка организација.
Курдските сили во Сирија во неделата соопштија дека ал-Мухаџир е убиен во заедничка акција на курдските и американските сили на северот на Сирија и дека бил ликвидиран во продолжение на операцијата во која претходно загина лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади.
Курдските сили соопштија дека Мухаџир бил „десната рака“ на лидерот на ИД, ал-Багдади, потсетуваат британските медиуми.
Официјален претставник на Стејт департментот, кој побара анонимност, исто така, наведе дека ал-Мухаџир бил „бројот два“ во Исламска држава, додавајќи дека тој е убиен во одвоена операција на американската армија од таа во која беше убиен лидерот на ИД, наведуваат британските медиуми.
Претставникот на Стејт департментот додал и дека мнозинските курдски Сириски демократски сили (СДФ) имале значајна улога во операцијата во која е убиен Мухаџир.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален