САД: Полуматурант на училиште однел рачно изработен часовник, бил уапсен за рачна бомба

Четиринаесетгодишен полуматурант е уапсен во САД, откако на училиште однел часовник кој самиот го направил, за кој школските власти помислиле дека е рачно изработена бомба.
Ахмед Мохамед во понеделникот на училиште во предградие на градот Далас однел рачно изработен часовник, што сакал да го покаже на својот учител по технологија.
Сепак, во училиштето настанало тревога дека момчето носи бомба, откако часовникот заѕвонел на час по англиски јазик и учителот го конфискувал.
- Директорот ме одведе во една соба, каде петмина полицајци ме испрашуваа, претресуваа и ги земаа мојот таблет и пронајдок, изјави тинејџерот во интервју за весникот „Далас морнинг њуз“.
За време на сослушувањето на момчето не му било дадено право да се јави кај своите родители.
Голем број корисници на социјалните мрежи го критикуваа исламофобското однесување, според нив, на полицијата во Тексас.
Основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг на својот профил го повика момчето да продолжи да твори и му порача дека ако некогаш сака да дојде во „Фејсбук“ со радост ќе се сретне со него.
Претседателот Барак Обама, исто така, изрази поддршка за 14-годишникот, порачувајќи му на „Твитер“: Убав часовник, Ахмед. Сакаш ли да го донесеш во Белата куќа?, јави ДПА.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
