САД подготвени да одобрат продажба на оружје за Тајван во вредност од 1,1 милијарда долари
– Американската администрација е подготвена на Тајван да му продаде оружје во вредност од над една милијарда долари, бидејќи тензиите меѓу САД и Кина се зголемуваат околу статусот на овој автономен остров, наведуваат американски официјални претставници запознаени со ова прашање.
Продажбата на оружје од 1,09 милијарда долари вклучува ракети воздух-море „Харпун“ за 355 милиони долари и ракети воздух-воздух „Сајдвиндер“ за 85 милиони долари, соопштија официјални лица.
Тие додаваат дека најголемиот дел од 655 милиони долари биле за пакет логистичка поддршка за тајванската радарска програма за надзор, што обезбедува рано предупредување на противвоздушната одбрана.
Системите за рано предупредување на противвоздушната одбрана станаа поважни бидејќи Кина ги засили воените вежби во близина на Тајван, за кој тврди дека е нејзина провинција.
Американската администрација синоќа требаше да го извести Конгресот за продажбата на оружјето, соопштија официјални лица. Се очекува Конгресот да соопшти дека договорите се во согласност со американската политика за една Кина и во согласност со посветеноста на САД за одбрана на Тајван.
Тензиите и острата реторика меѓу САД и Кина за Тајван значително се зголемија откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на почетокот на минатиот месец го посети островот.
Ново на Сител
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
-

Русија успешно тестираше ракета Сојуз-5
-

Повеќе од 550 лица приведени на демонстрациите по повод 1 мај во Истанбул, во останатите градови во Турција одбележувањето поминаа мирно
-

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија
-

Мицкоски: Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава
