Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците

Извршните директори на најголемите светски корпорации лани оствариле реален раст на платите од 11 проценти, додека просечните плати на работниците на глобално ниво пораснале за само 0,5 проценти, покажува новата анализа на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и „Оксфам“, објавена по повод Меѓународниот ден на трудот.
Со други зборови, платите на најплатените директори во светот во 2025 година растеле 20 пати побрзо од платите на работниците. Само во САД, овој сооднос е уште поизразен – платите на директорите растеле 20,4 пати побрзо. За 384 директори на компании вклучени во индексот „S&P 500“, за кои биле достапни податоци, примањата пораснале за 25,6 проценти меѓу 2024 и 2025 година. Во исто време, просечните часовни надници на вработените во приватниот сектор реално пораснале за само 1,3 проценти.
Анализата опфаќа 1.500 корпорации со највисоки плати во 33 земји кои пријавиле податоци за 2025 година. Просечен директор лани добил 8,4 милиони долари плата и бонуси, наспроти 7,6 милиони долари во 2024 година. Просечен работник во светот би требало да работи 490 години за да го заработи овој износ, наведуваат ITUC и „Оксфам“.
Досега четири корпорации, меѓу кои „Блекстоун“ (Blackstone), „Бродком“ (Broadcom) и „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs), објавија дека на своите извршни директори им исплатиле повеќе од 100 милиони долари во 2025 година. Десетте најплатени директори заедно заработиле повеќе од една милијарда долари.
Реалните плати на работниците на глобално ниво паднале за 12 проценти од 2019 година. Во меѓувреме, платите на директорите значително пораснале – од просечни 5,5 милиони долари во 2019 година на 8,4 милиони долари во 2025 година, што претставува реален раст од 54 проценти.
Во анализата за сопственичката структура се наведува дека супербогатите добиваат значителни исплати од корпорациите што ги контролираат. Речиси 1.000 милијардери со идентификувани инвестициски портфолија заедно примиле 79 милијарди долари дивиденди во 2025 година, што изнесува околу 2.500 долари во секунда. Просечен милијардер заработил од дивиденди за помалку од два часа повеќе отколку што еден просечен работник заработува за цела година.
Меѓу најголемите исплати се оние на Бернар Арно, сопственик на LVMH, кој добил 3,8 милијарди долари, и на Амансио Ортега, сопственик на „Индитекс“ (Inditex), со добивка од 3,7 милијарди долари. Богатството на милијардерите достигна рекордно ниво во 2026 година. За само 12 месеци тие го зголемиле своето богатство за 4.000 милијарди долари, што е за 1.500 милијарди повеќе од вкупното богатство на 4,1 милијарда најсиромашни луѓе во светот. Во споредба со лани, има 400 милијардери повеќе, а 45 од новите своето богатство го стекнале преку вештачка интелигенција.
„Владите мора да ги ограничат платите на директорите, праведно да ги оданочуваат супербогатите и да обезбедат минималните плати барем да ја следат инфлацијата и да овозможат достоинствен живот. Работниците мора без страв и пречки да ги остваруваат своите права на организирање, штрајк и колективно преговарање – изјави извршната директорка на „Оксфам“, Амитаб Бехар.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
