САД поддржува укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го поддржа откажувањето од заштитата на интелектуалната сопственост за патентите за вакцини против Kовид-19.
Ова претставува напредок во меѓународните напори за суспендирање на правилата за патенти, со оглед на замавот што го зеде пандемијата во Индија и Јужна Америка.
СAД беа голем противник на предлогот на Светската трговска организација (СТО) за укинување на интелектуалната сопственост на вакцините, во обид да се зајакне производството на вакцини. Но Бајден беше под зголемен притисок да го поддржи предлогот, вклучително и голем број демократи во Конгресот.
Кетрин Таи, претставничката на САД во СТО го објави ставот на администрацијата: Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата на коронавирусот бараат итни мерки. Таа додаде дека администрацијата силно верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но со цел ставање крај на пандемијата поддржува одрекување од заштита на патенти за вакцини против Ковид-19. Таи рече дека САД ќе учествуваат во преговорите за ова прашање во Светската трговска организација, додавајќи дека на разговорите ќе им треба време со оглед на природата на институцијата и сложеноста на прашањето.
Доколку се постигне консензус во рамките на Светската трговска организација, патентите за вакцини ќе бидат достапни за употреба од други производители.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива