САД почнуваат трговски разговори и со Јапонија
Претставници на Јапонија и САД се собираат денеска и утре во Вашингтон на трговски разговори со надеж дека брзо ќе решат дел од нивните спорови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека трговијата со Јапонија не е балансирана и инсистира Токио да го отвори повеќе пазарот за американските стоки и најмногу за земјоделски производи.
Во 2018 година САД имаа трговски дефицит од 67,62 милијарди долари (без услужниот сектор) со Јапонија, која е голем трговски партнер. Билатералната трговија помеѓу Вашингтон и Токио изнесува над 280 милијарди долари, според канцеларијата на Постојаниот трговски претставник.
Постојаниот трговски претставник Роберт Лајтхајзер кој во октомври најави својата намера за договори за слободна трговија со Јапонија, денеска повторно ќе седне на преговарачка маса со министерот задолжен за економскиот развој на Јапонија, Тошимицу Мотеги.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола