САД му го испратија првото „црно предупредување“ на Порошенко
Американците го испратија првото „црно предупредување“ до украинскиот претседател Петро Порошенко, пишува „Поглед“.
Украинската антикорупциска служба НАБУ отвори кривична постапка во врска со сомнението дека генералниот обвинител Јуриј Луценко ја добил должноста со мито.
Претходно, поранешниот пратеник Олександар Онишченко изјави дека претседателот Порошенко успеал со поткуп да го намести Луценко на таа позиција во Врховната рада.
Евентуалната истрага може да му нанесе колосален удар на претседателот.
НАБУ беше формирана на барање на американските консултанти и со пари од САД.
Службата потпиша меморандум за соработка со ФБИ на САД и веднаш влезе во жестока конкуренција со другите репресивни органи.
Според некои аналитичари, НАБУ е безусловно потчинета кон претседателот, но други се убедени дека нејзиниот шеф Артом Ситник најмногу е ориентиран кон Американците, наведува „Поглед“.
Киевскиот политиколог Руслан Бортник оценува дека нападот врз генералниот обвинител е подготовка за удар против неговиот заштитник - претседателот на Украина Петро Порошенко.
Истовремено, многу од најсилните дела се успешно прикриени или се распаѓаат, нумеричките индикатори за активностите на обвинителството се влошени, има лошо прикриен конфликт меѓу генералното обвинителство и НАБУ - создаден од западните партнери.
- Покрај тоа, активната политичка дејност на Луценко предизвикува прашања на Запад дали е политизирано (украинското) обвинителство - таму се навикнати да гледаат во генералниот обвинител на прво место професионален правник, додава, Бортник.
- За време на предизборната кампања во САД Порошенко едноставно се обложуваше на „погрешен коњ“ и сега му упатуваат јасен сигнал поради тоа, коментира рускиот набљудувач Дмитриј Абзалов.
Според него, украинскиот претседател најмил лобисти, кои ќе зборуваат лошо за Трамп, но новоизбраниот американски претседател „го помни сите, кои зборувале лошо за него“.
„Поглед“ го цитира поранешниот пратеник Олександар Онишченко, кој избега во САД.
Украинскиот опозиционер во статија што беше објавена во „Тајмс“ кажа дека претседателот Порошенко учествувал во „корупција во масовни и невидени размери“, и дека украл стотици милиони евра барајќи процент од секој договор поврзан со некакво државно претпријатие во Украина.
Претходно, генералиот обвинител Луценко изјави дека правосудните органи располагаат со материјали според кои Онишченко е поврзан со тајните служби на Русија.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ