САД: Можно е Северна Кореја да се подготвува за лансирање ракета
Севена Кореја можеби се подготвува за лансирање ракета, изјавија американски официјални претставници, повикувајќи се на засилената активност на подрачјето во близина на Тонгчанг-ри, локација од каде се тестираат проектили.
Официјален американски претставник, за француските медиуми, изјави дека постои можност за лансирање „сателит или вселенско возило“, пренесува Танјуг.
Неименуваниот извор додаде дека нема индиции дека тоа ќе биде балистичка ракета.
- Нашата загриженост е дека тие ќе изведат лансирање во вселената, но тоа всушност е истата технологија за развој на интерконтинентални балистички ракети, изјави втор неиуменуван американски официјален претставник.
Тој прецизира дека лансирањето би можело да се случи во следните неколку недели.
Оваа информација доаѓа во момент кога Советот за безбедност на Обединетите нации рсправа за воведување нови санкции против Северна Кореја, по нивниот четврти нуклеарен тест што беше изведен на 6 јануари, наведе Би-Би-Си.
Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат денеска го одобри законот со кој се прошируваат санкциите против Пјонгјанг заради нивната нуклеарна програма, кршење на човековите права и сајбер активностите.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево