САД мобилизираа цивилни авиокомпании за евакуација од Кабул
САД денеска вклучија неколку големи американски авиокомпании во евакуацијата на десетици илјади Авганистанци и странци од Кабул, откако главниот град падна во рацете на талибанците.
Пентагон соопшти дека секретарот за одбрана Лојд Остин ја активирал ретко користената воздушна флота на цивилни резерви (ЦРАФ) за да им помогне на луѓето да пристигнат во американските бази на Блискиот Исток. „Способноста на Министерството за одбрана да испраќа воени сили е неразделно поврзана со комерцијалната индустрија, која обезбедува критичен капацитет за транспорт, како и глобални мрежи за да се исполнат секојдневните и итните барања“, се вели во соопштението.
Осумнаесет цивилни авиони од Американ Ерлајнс, Атлас, Делта, Омни, Хавајан и Јунајтед ќе им помогнат на десетици воени транспортни авиони, вклучени во евакуацијата, се вели во соопштението.
Наместо слетување и полетување од главниот град, авионите ќе превезуваат луѓе од американските бази во Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати во европските земји и, за многумина, во САД.
Со илјадници војници кои се обидуваат да го заштитат аеродромот во Кабул, Вашингтон одреди рок до 31 август за завршување на една од најголемите мисии за евакуација што Пентагон некогаш ја спроведувал.
До 15.000 Американци мора да бидат изнесени од Авганистан, според претседателот Џо Бајден, кој вели дека администрацијата сака да извлече и најмалку 50.000 авганистански сојузници и нивните семејства од земјата.
Ситуацијата дополнително се комплицираше вчера, кога американската влада ги предупреди своите граѓани да се држат подалеку од аеродромот поради „безбедносни закани“. Пентагон вчера соопшти дека 17.000 луѓе биле евакуирани од почетокот на операцијата на 14 август, од кои многумина прво слетале во Катар или Кувајт. Вкупниот број вклучува 2.500 Американци.
CRAF досега беше активиран само двапати-за превоз на војници за Војната во Заливот во 1990-91 година и повторно во 2002-2003 година за инвазијата на Ирак.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори