САД ја известија Турција дека ќе ги прекинат испораките на оружје за сириските Курди
САД ја информираа Турција дека повеќе нема да доставуваат оружје на курдските Сили за заштита на народот (СЗН) и Партијата за демократски сојуз (ПДС).
Турската офанзива во реонот Африн, северозападна Сирија, против СЗН отвори нов фронт во сириската граѓанска војна, но и ги затегна односите со Вашингтон.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Херберт Мекмастер синоќа во телефонски разговор го уверил Ибрахим Калан, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека испораките на оружје за СЗН и ПДС се прекинуваат.
САД предизвикаа гневот кај Анкара, бидејќи испорачуваа оружје, обучуваа и обезбедуваа поддршка на сириските Курди. Според Анкара, СЗН и ПДС се поврзани со Курдската работничка партија (ПКК), која води вооружена борба против турската држава од 1984 година. ПКК има бази во северен Ирак.
Ново на Сител
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб