САД имаат намера да стационираат нуркачки тимови на Крит
САД имаат намера да го зголемат своето присуство на воената база во Суда на островот Крит, со тоа што таму ќе стационираат и нуркачки екипи, јавува грчки „Катимерини".
Во статијата уште се вели дека Американците побарале и пристап до военовоздухопловната база во Кастели, и дека повеќе не важи нивниот предлог за изградба на нова база на островот Карпатос.
Според официјални извори, грчкиот Генералштаб (ГЕЕТА), преговарал тоа барање на САД да биде условено со долгорочна набавка и достава на американско оружје и авиони за потребите на грчката армија. За таа цел, Атина сака договорот за базата Суда да биде склучен за подолг рок, од пет години или повеќе.
Засега, Вашингтон не ги прифаќа овие услови, со објаснување дека Грција нема да може да се справи со техниката којашто ја бараат, поради финансиски причини.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас на неодамнешната средба на европско ниво, организирана од фондацијата „Конкордија" во Атина, ја нагласил „неопходноста од продлабочување на партнерството помеѓу Грција и САД".
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција