САД ги поддржуваат мирните протести во Иран
Белата куќа ги осуди иранските власти поради употреба на сила во дводневните демонстрации поради зголемување на цената на горивото, при што загинаа најмалку две лица.
– САД ги поддржуваат Иранците и нивните мирни демонстрации против режимот што треба да владее со нив. Ја осудуваме употребата на сила против демонстрантите и рестрикцијата на комуникациите, изјави портпаролката на американската администрација Стефани Гришам.
Според иранските медиуми откако почнаа протестите уапсени се повеќе десетици луѓе.
Иранскиот врховен лидер ајатолахот Хамнеи ја поддржа одлуката на Владата, донесена во петокот, за зголемување на цената на горивото и го осуди насилството од страна на демонстрантите.
Според иранската новинска агенција ИРНА еден полицаец им подлегнал на раните што ги здобил за време на судирите со демонстрантите во Керманшах, западен Иран. Еден демонстрант загина во Сириџан, јужниот дел на земјата, кога учесниците во протестот се обидувале да запалат еден магацин со гориво.
Иран е во рецесија по 2018 година и едностраното повлекување на САД од мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма постигнат во 2015 година и американските санкции кон Техеран.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот