Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за негова идна заменичка, објави првиот човек на Северноатлантската алијанса.
-Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, знае каква работа е потребна за приклучување во НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа штом ја презема оваа витална улога, наведува Руте во соопштението објавено на веб страницата на Алијансата.
Се посочува и дека Радмила Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО во 2020 година.
Шекеринска треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО до крајот на годинава.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист