Руското МО тврди дека ноќеска соборило 20 украински дронови над Крим
Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека спречило обид за напад со околу 20 украински беспилотни летала, што биле насочени кон цели на полуостровот Крим.
„Во текот на ноќта беше спречен обид за терористички напад на режимот на Киев со 20 дронови против цели на територијата на полуостровот Крим“, јави министерството на каналот Телеграм.
Рускиот систем за противвоздушна одбрана успеал да собори вкупно 14 украински беспилотни летала, а уште шест биле попречени во мисијата со електронско наведување, соопшти руското МО и додава дека во нападот нема жртви или материјална штета.
Руската војска вчера соопшти дека уништила украинско беспилотно летало во западниот дел на Москва, во екот на зголемувањето на ваквите напади врз руската престолнина.
Ново на Сител
-
Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам
-
На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-
Во Германија уапсен тинејџер под сомнение дека планирал терористички напад
-
Состојба на патиштата