-->
-->
Руската рубља вратена на официјалната курсна листа на Народна банка
-->
Македонија се подготвува за евентуално тргување со гасот во рубли. По речиси два месеци, руската рубља е вратена на курсната листа на Народна банка. Со ова се овозможуваат официјалните трансакции во руската рубља, што е особено значајно ако се земе предвид дека е се поголем притисокот од страна на Русија за плаќање на гасот во рубли. Сега 1 рубља се менува за 0,7866 денари и е поскапа од претходно.
Како што велат од Народната банка, претходно рубљата ја немаше на курсната листа затоа што Европската централна банка на 2 март годинава соопшти дека не е во позиција да го објавува референтниот девизен курс на руската рубља во однос на еврото поради тековно недоволниот обем на тргување.
Но, сепак, Народна банка информираше дека за книговодствено искажување на побарувањата и на обврските се користи последниот среден курс на денарот во однос на руската рубља од 2 март. Тогаш, курсот бил: една рубља за 0,5264 денари. Тоа значи дека сега, во однос на курсот од 2 март, за една рубља треба да даваме повеќе денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан