Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
Во соопштението на руското министерство се наведува дека руската противвоздушна одбрана запрела масовен напад на украински дронови и притоа уништила вкупно 70: 34 над Московскиот регион, 14 над регионот Брјанск, по седум над регионите Ориол и Калушка, шест над регионот Курск и два над Тулск.
Началникот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, изјави дека една жена се здобила со изгореници кога паднале остатоците од соборен дрон и дека две куќи се запалиле во селото Становоје, во градскиот регион Раменски, пренесоа руските медиуми.
Во меѓувреме укината е привремената суспензија на летовите на аеродромите Шереметјево, Домодедово и Жуковски во Москва, што беше воведена утринава поради нападот на украински беспилотни летала, соопштија руските воздухопловни власти.
„Во периодот на ограничување, 36 авиони беа насочени кон алтернативни аеродроми“, објави на својот канал Телеграм прес-секретарот на Федералната агенција за воздушен транспорт Артем Корењако.
Министерството за одбрана претходно соопшти дека во текот на ноќта над регионите Брјанск, Ростов, Белгород и Курск биле соборени 23 украински беспилотни летала.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп