Свет
8. December 2016 - 11:04

Руската полиција уапси 12 лица осомничени за тероризам

Руските агенции за безбедност уапсија 12 лица осомничени за учество во терористичка организација.

Московскиот огранок на Министерството за внатрешни работи соопшти дека осомничените барале луѓе за да ги врбуваат за членство во организацијата, чие име не е соопштено.

Денешната операција во Москва е извршена во соработка со Министерството за внатрешни работи и Федералната служба за безбедност.

Минатиот месец во Русија беа уапсени десет лица осомничени за врски со Исламска држава, кои планирале терористички напади во Москва и Санкт Петербург.