Русија соопшти дека спречила украински напад врз нуклеарната централа Запорожје со дронови камикази

Вооружените сили на Руската Федерација спречиле обидите на Вооружените сили на Украина (АСУ) да ја нападнат нуклеарната централа Запорожје со беспилотни летала, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.
– Беа спречени обиди на вооружените сили на Украина да ја нападнат територијата на нуклеарната централа со осум дронови камикази. Сите украински беспилотни летала беа соборени надвор од територијата на нуклеарната централа, рече Конашенков. Како што пренесе БТА, тој го истакна фактот дека ситуацијата со радијација во областа на нуклеарната централа Запорожје е во рамките на нормите. Засега нема коментар од украинската страна за руските тврдења.
Двете земји редовно меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа. Лоцирана во делумно окупираната од Русија област Запорожје во југоисточна Украина, централата беше заземен од руската армија во март.
Украинските вооружени сили во последните 24 часа собориле осум беспилотни летала камикази, испорачани на Русија од Иран, изјави во меѓувреме украински претставник. Тврдењата на двете страни во конфликтот не се независно проверени.
Ново на Сител
-

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград
-

Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
