ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти

Европската комисија нема „конкретен коментар“ на полагањето заклетва од страна на досегашната потпретседателка Делси Родригез како привремена претседателка на Венецуела, откако изминатиов викенд со американската акција од претседателската функција беше сменет Николас Мадуро и одведен во САД.
– Властите во Венецуела го добија својот мандат на изборен процес во кој не беше почитувана волјата на народот за демократски промени. Како и досега, иако не го признаваме легитимитетот на Мадуро, исто како и на Родригез, ќе продолжиме со целно насочен ангажман со венецуелските власти за да ги заштитиме интересите и да ги почитуваме нашите сопствени принципи, изјави портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
Таа додаде дека иднината на Венецуела треба прецизно да се обликува преку инклузивен дијалог што ќе води кон демократска транзиција и ќе ги вклучи сите актери кои се посветени на демократијата, вклучително и демократски избраните лидери на опозицијата.
МИА
Ново на Сител
-

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
-

ОЈО ГОКК ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски
-

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров
-

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација
-

Сиљановска Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус е потребен на регионалната соработка
-

Јаневска: Направивме промени во Законот за високото образование за кои сметавме дека ќе го подобрат
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Сите вработени во МВР ќе добијат повисоки плати за 2.470 денари
