Русија со негативна реакција за ветените американски системи ХИМАРС за Украина
Москва негативно го оцени новиот пакет американска воена помош за Украина, во кој се вклучени и испорака на ракетни системи ХИМАРС.
Несоодветни се обидите на Вашингтон да покаже дека испораката на таквото оружје содржи елементи на „самоограничување“ за Киев, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
-Сметаме дека е целосно негативно, а обидите да се прикаже одлуката како да содржи елемент на самовоздржаност се бескорисни, рече Рјабков.
Тој нагласи дека е очигледно дека САД се на чело на групата земји кои „режимот во Киев го пумпаат со оружје“ и дека „жонглирањето и манипулирањето со некои поединечни аспекти на тоа што се случува не ја менува целокупната слика за Русија“ , пренесуваат руските медиуми.
Претходно, Белата куќа објави дека САД денеска ќе и претстават нов пакет воена помош за Украина, во кој ќе бидат вклучени ракетните системи ХИМАРС.
Во исто време беше нагласено дека американските ракетни системи доставени до Киев нема да можат да погодат цели надвор од украинската територија.
Американскиот претседател Џозеф Бајден во понеделникот јави дека САД нема да испратат ракетни системи во Украина кои можат да стигнат до територијата на Русија.
-Нема да испраќаме ракетни системи во Украина кои би можеле да ја нападнат Русија, кажа Бајден по враќањето во Белата куќа од викендот во Делавер, пренесоа британските медиуми.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран