-->
-->
Русија со најголем број случаи на Ковид-19 од 1 мај
-->
Изминатите 24 часа, Ковид-19 случаите во Русија се зголемија за 6.391 на вкупно 18.511.120, информираше денеска Центарот за борба против коронавирусот.
Стапката на раст е највисока од 1 мај, кога земјата регистрираше 7.047 случаи.
Во изминатите 24 часа, во Русија се хоспитализирани 1.195 лица со Ковид-19, за 7,7 отсто повеќе од претходниот ден.
Според Центарот, случаите со Ковид-19 во Москва се зголемија за 1.763 во споредба со 1.670 случаи од претходниот ден, достигнувајќи ја бројката од 2.793.210 лица кои се заразиле со вирусот.
Бројот на лица што починаа со Ковид-19 во земјата се зголеми за 42, достигнувајќи вкупно 382.039 смртни случаи со коронавирус. Ден претходно, евидентирани беа 37 починати од вирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново