Русија регистрираше трета вакцина против Ковид-19
Руското Министерство за здравство ја регистрираше третата вакцина против коронавирус – Ковивак, која е произведена од Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунолошки препарати „М.П.Чумаков“.
Рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека првите 120.000 дози од вакцината ќе бидат пуштени во употреба кон средината на следниот месец.
Центарот „М.П.Чумаков“ планира својата вакцина да ја понуди и на меѓународниот пазар.
Ковивак е вакцина врз основа на цел вирус. Такви препарати користат или вештачки ослабени вируси кои не се во состојба на предизвикаат болест или веќе уништени вируси.
Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против Ковид-19: вакцината Спутник В која е развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја пру руското Министерство за здравство, и вакцината Епивак развиена од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија Вектор.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање