Русија му помага на НАТО при позиционирањето во Вселената

Според последната статистика, руската вселенска агенција Роскосмос во последните три децении учествувала во лансирањето на над 30 космички апарати, но и астронаути од 14 земји на НАТО, меѓу кои и САД, Велика Британија, Германија, Италија, но и Кина, Шведска, пишува „Свободнаја преса”.
Анализата на аналитичарот Антон Мардасов како прво и основно го поставува прашањето - зошто Русија им помага на НАТО членки и на Европската вселенска агенција (ЕСА) да го зајакнат своето присуство во Земјината Орбита?
Како пример, се земаат сателитот Астра-2Г, британските Инмарсат 5Ф2 и 5Ф3, американските Интелсат 31 и Eко-Стар 21. Една од задачите на Астра-2Г беше комуникациска тест врска на НАТО во Х- и Ка- дијапазон. Слична е ситуацијата и со другите сателити.
Некои аналитичари сметаат дека лансирањето на астронаутите од „туѓи воени блокови“, не е стратешки поволно за Русија.
Од друга страна пак, Мардасов вели дека токму благодарение на тие „вселенски услуги“ во последниве 30 години, руската космичка наука успеала да се одржи, како што посочуваат податоците.
- Логиката е проста: ако апаратите на земјите на НАТО не беа испратени во орбитата (од руската Роскосмос), тоа ќе го направеше друг „превозник”, добивајќи пари за услугата, заклучува експертот.
Ново на Сител
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
-

Трамп: Последната личност од која ни треба помош против Иран е Зеленски
-

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс
-

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху
