Русија ја засилува војската, Порошенко предупредува на тотална војна
Русија наскоро ќе распореди нов дивизион на противвоздушниот ракетен систем С-400 на Кримскиот Полуостров, јавија руските медиуми, повикувајќи се на армиски извори.
Во медиумските извештаи се тврди дека новиот ракетен дивизион на Крим ќе биде оперативен до крајот на годината.
Веста за засилувањето на руското воено присуство на Крим доаѓа само три дена по инцидентот во неделата, кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24 члена на нивните екипажи.
Украинскиот претседател Петро Порошенко синоќа обвини дека Москва драстично го засилила своето воено присуство на границата со Украина, предупредувајќи на опасност од „тотална војна“ меѓу Украина и Русија.
– Бројот на тенковите во (руските) бази, што се наоѓаат на нашата граница, се зголеми тројно, истакна Порошенко, додавајќи дека драстично е зголемен и бројот на руски војници распоредени долж границата со Украина.
Ново на Сител
-
Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна
-
Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите - „Ќе им бидат изречени сите максимални казни", вели Митева
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп