Русија ја засилува војската, Порошенко предупредува на тотална војна
Русија наскоро ќе распореди нов дивизион на противвоздушниот ракетен систем С-400 на Кримскиот Полуостров, јавија руските медиуми, повикувајќи се на армиски извори.
Во медиумските извештаи се тврди дека новиот ракетен дивизион на Крим ќе биде оперативен до крајот на годината.
Веста за засилувањето на руското воено присуство на Крим доаѓа само три дена по инцидентот во неделата, кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24 члена на нивните екипажи.
Украинскиот претседател Петро Порошенко синоќа обвини дека Москва драстично го засилила своето воено присуство на границата со Украина, предупредувајќи на опасност од „тотална војна“ меѓу Украина и Русија.
– Бројот на тенковите во (руските) бази, што се наоѓаат на нашата граница, се зголеми тројно, истакна Порошенко, додавајќи дека драстично е зголемен и бројот на руски војници распоредени долж границата со Украина.
Ново на Сител
-
Поради минирање од 12 до 15 часот во прекин сообраќајот на патот Гари-Извор
-
Студенти од сите факултети во Крагуевац даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани
-
Голем број граѓани во Софија оддадоа почит за жртвите по трагедијата во Кочани
-
Возачот на Итна помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван
-
Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца
-
Тиквеш го повлече од употреба дресот со број 16 кој го носеше Андреј Лазаров
-
Акциска контрола во Тетово и Гостивар, контролирани 16 угостителски објекти, два се затворени
-
Филип излегол меѓу првите но се вратил да бара другарка по што не се вратил, сведочи неговиот татко