Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија
Русија ги отфрла обвинувањата дека се мешала во парламентарните избори во Грузија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тоа веќе стана стандард за многу земји.
-Не, немаше мешање, рече Песков и додаде дека имало обиди на „европски актери“ да влијаат на изборите, но не и од Москва.
Зборувајќи за резултатите од изборите во Грузија, тој рече дека тоа се избори на грузискиот народ. -Сега е многу важно ниту една трета земја да не се меша во резултатите на овие избори, рече тој.
Според податоците на Централната изборна комисија, на парламентарните избори во Грузија одржани за време на викендот, а завршија утрото на 27 октомври, излезноста била 58,94 отсто, а по пребројувањето на гласовите од 99,3 отсто од избирачките места, водечката партијата „Грузиски сон“ освоила 54,086 отсто од гласовите.
Опозицискиот блок „Коалиција за промени“ доби 10,9 отсто од гласовите, „Единство-Национално движење“ – 10,1 отсто, „Силна Грузија“ – 8,7 отсто, „Гакарија за Грузија“ – 7,7 отсто.
Врз основа на овие податоци, владејачката партија „Грузиски сон“ може да добие 61 мандат во новото свикување на парламентот, додека опозицијата заедно да добие 89 мандати и со тоа да постигне мнозинство.
Опозициските партии и коалиции не ги признаваат изборните резултати и најавија протестни собири и бојкот на парламентот.
Претседателката Саломе Зурабишвили резултатите од изборите ги нарече „руска специјална операција“. САД и ЕУ повикаа на истрага за потенцијално мешање во изборите.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува