Румен Радев почнува консултации со партиите од бугарскиот Парламент
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во 47. Народно Собрание, пред да го врачи третиот мандат за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент, јави дописникот на МИА од Софија
Радев пред два дена, по враќањето од посетата на Црна Гора, рече дека ќе има консултации со сите парламентарни партии за да ги слушне начините за излез од политичката криза и какви модели и политики ќе бараат поединечните партии за коалиција пред да одлучат на кого од „Демократска Бугарија“, Бугарската социјалистичка партија или „Има таков народ“, да го предаде третиот мандат за формирање нова бугарска влада.
Доколку и овој обид не успее, тогаш претседателот на Бугарија е должен да го распушти Народното собрание, да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира во рок од два месеци. Како најверојатен датум за нивното одржување, Радев го гледа почетокот на октомври, а правниците очекуваат тие да се одржат на 2 или 9 октомври.
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД