Македонија
12. April 2016 - 23:25

Коалицискиот партнер на Заев, БЕСА, испорача барање за редефинирање на Македонија

Во момeнтот кога Заев прави насилни протести, чија цел е рушење на власт без избори, БЕСА излезе со изјава за редефинирање на Македонија и интервенции од меѓународен фактор.

Во голема мера ова ги докажува мотивите и целите на целото ова сценарио кое што го заговара Заев

„По уривање и на институцијата Претседател на Македонија, Движењето БЕСА како единствена опција ја гледа можноста за посериозна интервенција од меѓународниот фактор, бидејќи овие несериозни и неодговорни луѓе не покажуваат способност за одржување држава. Сето тоа би налагало РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија, со што би се оневозможило на било која партија во било каква ситуација да не може да ги злоупотреби државните институции“

Инаку, движењето БЕСА кое заедно настапуваше со СДСМ и учествуваше во нивниот митинг пред владата, во јуни месец минатата година испорача барања кои се слични на позициите кои беа застапувани од експонентите на СДСМ кои пак спремаа терен за декемвриската конференција посветена на ревидирање на Рамковниот договор.

-Ќе бараме албанскиот јазик да биде официјален јазик во целата територија на Р. Македонија, бараме нов договор за РЕДЕФИНИРАЊЕ на Македонија како заедничка консензуална држава на Албанците и Македонците, беа дел од барањата на БЕСА.

Она што е познато дека БЕСА рамо до рамо со раководството на СДСМ го организираше митингот пред владата на кој се вееа знамиња на голема албанија и на 113та косовска бригада чии членови учествуваа во кумановската акција во диво насеље.

Во месец мај јавноста беше фрапирана од настапот на Заев за косовска телефизија каде изнесе барања за воведување на двојазичност и рекомпонирање на рамковниот договор. Тој изнесе ставови кои ја наметнуваат потребата за федерализација на Македонија и откажување од идентитетските прашања.

Заев во интервјуто говореше за некакво продлабочување на Охридскиот рамковен договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во најголема мера, експертите сметаат дека се подразбира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација каде по етничка основа би се протежирало бинационална држава.

–Јас се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, рече Заев.