Рудској: ИД продолжува да извезува нафта во Турција
Началникот на Главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, генерал Сергеј Рудској денеска изјави дека групата Исламска држава (ИД) продолжува да извезува нафта во Турција, но оти користи нова маршрута преку Северен Ирак, за да ги избегне руските бомбардирања.
- Терористите се обидуваат да го избегнат руското бомбардирање со промени во логистиката и користат нови криминални маршрути за транспорт на нафтата, посочи Рудској.
Тој додаде дека цистерните со нафта минуваат низ сириската провинција Деир ал Зур, ирачките градови Зохо и Мосул и потоа се упатуваат кон Турција.
- Нафтата пристигнува на турска територија преку граничниот пункт во областа Захи, истакна Рудској и прикажа сателитски снимки на кои, според него, се гледа дека во моментот на двете страни на ирачко-турската граница има 11.775 камиони цистерни.
Генералштабот на Вооружените сили на Русија соопшти дека руските воени авиони извршиле 5.240 летови од почетокот на воената операција во Сирија на 30 септември. Последната недела руската авијација уништила 37 цели во кои се добива и обработуива нафта во Сирија, како и 17 колони со цистерни.
Ново на Сител
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа