РСЕ: Се очекува ЕУ делумно и постепено да ги укинува мерките против Косово
Во Европската Унија нема целосен договор за укинување на казнените мерки на Косово, меѓутоа, како компромис, се очекува делумно и постепено отстранување на овие мерки вов едени пред една година.
Ова, како што пренесоа медиумите во Приштина, го дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Унијата, по дискусиите што се одржаа, вчера, на 19 јуни, во Комитетот за политика и безбедност на ЕУ, каде што учествуваа претставници на земјите-членки.
Според изворите на РСЕ, повеќето земји од ЕУ биле за целосно укинување на мерките, како што препорача и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во извештајот што го достави до земјите-членки на 18 јуни, во врска со чекорите кои ги презело Косово за да ги намали тензиите на северот на земјата, населен со српско мнозинство.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија