Спорт плус
25. April 2016 - 12:46

Роси најдобар во Херес

Италијанецот, Валентино Роси победи на трката за Големата награда на Шпанија, четврта во оваа сезона во „кралската класа’’ на Мото ГП шампионатот.
 
Популарниот „Доктор" до својата девета победа на оваа патека, првпат по 2009 година, стигна на  доминантен начи, оставајќи ги зад себе тимскиот колега Шпанецот, Хорхе Лоренцо и неговите сонародници Марк Маркес и Дани Педроса од тимот на Репсол Хонда.
 
Со новата, вкупно 113-та победа во кариерата и освоените бодови Роси останува на третото место во генералниот поредок во кој водечкииот Марк Маркез има 82 бода, 17 повече од Хорхе Лоренцододека Роси кој сега има 58 бода.
 
Следната трка ќе се вози на 8 мај во Ле Ман, Франција.