Loading Video...
Фудбал
5. јуни 2018 - 16:23

Роналдо „ќе остане“ во Реал, ама за 75 милиони евра годишно

Кристијано Роналдо ги искажа своите барања, за продолжување на соработката со Реал Мадрид. 
 
Роналдо од раководството на Реал, побара шестгодишен договор и зголемување на платата на 75 милиони евра по сезона како услов да остане во клубот, објави шпанска „Кадена Копе“.
 
Официјалниот договор на Роналдо со актуелниот европски шампион е до 2021 година, но Португалецот, веднаш по во финалето на Лигата на Шампионите, најави можност да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.
 
Доколку Реал е подготвен да ги прифати овие барања на Роналдо, тој ќе стане убедливо најплатен фудбалер во светот.
 
Во моментов прв на таа листа е Лионел Меси од Барселона, со 50 милиони евра годишна заработка.