Романскиот парламент во заминување е корумпиран и неефикасен
Романскиот парламент во заминување е еден од најнеефикасните по падот на комунизмот, засегнат е од истражувања за корупција и е со слаба ефикасност, соопшти романскиот Институт за јавна политика, пренесува БТА.
Оценета како една од најкорумпираните држави во ЕУ, Романија ќе спроведе парламентарни избори на 11 декември, но на 89 од 588 пратеници, кои се избрани во 2012 година, се уште не им е завршен мандатот, наведе Институтот.
Повеќето од тие 89 пратеници се или испитувани за корупција, или веќе се осудени, или ја напуштиле пратеничката позиција со цел да учествуваат на локалните избори или да заземат друга функција.
Романскиот правосуден систем е објект на специјално набљудување од страна на ЕУ, и покрај тоа што антикорупциските обвинители на земјата во неколку наврати беа фалени за серија случаи со корупција, насочени кон министри, пратеници, градоначалници, судии и бизнисмени.
Во истражувањето на Институтот за јавна политика се вели дека романските пратеници донеле 1.689 законодавни иницијативи во периодот од 2012 до 2016 година, но само 14 отсто од нив станале закони, додека Владата предложила 870 проект-закони, од кои над 80 проценти се одобрени.
Друга карактеристика на романскиот парламент е движењето меѓу политичките партии, односно 223 пратеници веќе не припаѓаат на партијата од која тие првично биле избрани.
Романија е управувана од страна на технократи од ноември 2015 година, кога со масовните улични протести по трагичниот пожар во ноќен клуб левичарската Влада беше принудена да поднесе оставка.
Левичарската Социјалдемократска партија веројатно ќе ги добие изборите овој месец и ќе се врати на власт по едногодишната пауза, покажува истражувањето.
Ново на Сител
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија