Романот „Куќичка“ од Оливера Николова преведен на српски јазик

Издавачката куќа „Арка“ од Смедерево, Србија, го објави на српски јазик романот „Куќичка“ на писателката Оливера Николова, преведен од Лилјана Стејиќ.
Ристо Василевски од „Арка“ за романот на Николова пишува дека е реалистична слика на состојбите видени во огледалото на транзицијата низ кои минаа сите земји на просторот на поранешна Југославија, Источна Европа и СССР.
- На таа слика се гледа напор да се избришат старите и да се стекнат нови индивидуални и колективни идентитети, што најмногу им погодуваше на новите властодршци и на оние собрани околу нив. Грубото поништување на минатото, поигрувањето со судбините на луѓето, тајкунската распродажба на фирмите, масовните отпуштања од работа, наглото богатење на поединците, влијанието на странскиот фактор и капиталот, штрајковите, се менуваат во тоа огледало како сликички во калеидоскоп..., пишува Василевски во претставувањето на книгата.
„Арка” од Смедерево досега има објавено над шеесет дела од македонската книженост, а неодамна и антологија на македонската поезија од 9 век до денес - „Моќни струни”, чиј составувач, преведувач и препејувач е академик Ристо Василевски.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
