Романец од Македонија се обидел да внесе килограм семе марихуана во Србија
Српските цариници на граничниот премин Прешево со Северна Македонија спречија обид за шверц на речиси килограм семе од марихуана, скриено во автомобил, превезувано во приколка.
Како што соопшти денеска Царинската управа на Србија, семето од таа дрога е пронајдено на влез во Србија во автомобил марка „туарег“ со романски регистерски таблички, со приколка на која се шлепал друг автомобил. Возилото било управувано од романски државјанин (38) кој како и неговиот сопатник на цариниците им кажал дека нема што да пријави.
Под резервното тркало на автомобилот на приколката е пронајдена пластична проѕирна кеса во која имало марихуана, се наведува во соопштението.
Во багажникот е пронајдена и хартиена кеса од оригиналното пакување со растителен материјал; за кое постои сомневање дека се работи за семето на растението канабис.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот