Фудбал
8. May 2016 - 17:55

Рома изби пред Наполи, а Фросиноне се сели во Серија Б

 Во фудбалското првенство на Италија, односно Серија А, попладнево беа одиграни пет натпревари од претпоследното 37.коло.
 
Рома со победа над Киево изби на второто место на табелата пред Наполи во трка за директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Затоа пак, екипата на Фросиноне која загуби пред својата публика од Сасуоло и дефинитивно заедно со Верона ќе се преселат во Серија Б.
 
Палермо, тимот на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски сеуште е во опасната зона бидејќи има само еден бод повеќе од Капри.
 
На натпреварите кои веќе се одиграа во Серија А, постигнати се овие резултати: Интер – Емполи 2:1, Болоња – Милан 0:1, Рома – Киево 3:0, Аталанта - Удинезе 1:1, Карпи - Лацио 1:3, Фиорентина - Палермо 0:0, Фросиноне - Сасуоло 0:1 и Сампдорија - Џенова 0:3.
 
Вечерва од 20:45 часот ќе се играат последните две средби меѓу Верона – Јувентус и Торино – Наполи.
 
Табела:
Јувентус 88 бодови (-1), 
Рома 77, 
Наполи 76 (-1), 
Интер 67, 
Фиорентина 61, 
Сасуоло 58, 
...
Удинезе 39, 
Палермо 36, 
Карпи 35
*Фросиноне 31 и 
*Верона 25