Македонија
12. August 2026 - 18:27

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во Алто Маре, кај Голем, Албанија, објави JOQ Albania. Детето исчезнало во зелен костим за капење, со пиштол-играчка на вода. Полицијата е известена, но потрагата досега е без резултат.

Семејството апелира до сите во областа да помогнат. Секој што го забележал Богдан или има информации, веднаш да ја извести полицијата.