Loading Video...
Кошарка
14. October 2021 - 17:40

Рогашка втор противник на МЗТ Скопје во АБА2 лигата

Екипата на МЗТ Скопје А. вечерва од 21 часот ќе го одигра вториот меч во новата сезона на АБА2 лигата во кој и годинава натпреварите ќе се играат турнирски.
 
На првиот турнир во Златибор, аеродромци веќе остварија една победа совладувајќи го составот на Младост Земун со 97-90, додека вечерва за противник сино-белите ќе ја имаа екипата на Рогашка од Словенија.  
 
Вториот наш претставни во АБА2, битолски Пелистер кој во своето деби беше убедливо совладан од црногорскиот претставник Ловќен со 108-85. Утре од 18 часот пелистерци ќе го играат вториот меч, а повторно за противник пелистерци ќе имаат екипа од Црна Гора и тоа составот на Сутјеска. 
 
Вториот турнир на програмата е од 8 до 12 ноември во Осијек, Хрватска, каде МЗТ Скопје и Пелистер ќе го одиграат првото меѓусебно дерби и тоа во рамите од третото коло.