-->
-->
Родригез ја одложи операцијата на рамото
-->
Дека желбата е поголема од секоја повреда најдобро покажува колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез. Иако Родригез има повреда на рамото која ја заработи на првиот меч од Копа Америка против домаќинот САД кој Колумбија го доби со 2:0, а Родригез беше стрелец на вториот гол, фудбалерот на Реал Мадрид, а во дуелот со Парагвај го постигна вториот гол за својата селекција во победата од 2:1.
„За Колумбија ќе играм додека не останам инвалид. За мојата репрезентација сакам да играм во секое време и тоа ме прави среќен, особено кога можам да и помогнам на репрезентацијата“, изјави фудбалерот по мечот со Парагвај.
Родригез нагласи дека ништо не може да го натера да се откаже од настапи за репрезентацијата, па дури ни повреда како што ја има, па затоа решил да ја одложи операцијата на рамото по завршувањето на Копа Америка.
Ваквата негова одлука сигурно не ги прави среќни раководните луѓе во Реал Мадрид, бидејќи токму за слична ваква ситуација Хамез беше во немилост кај челниците на „кралевите“, кога замина да игра пријателски натпревар за својата земја иако клубот не му дозволуваше.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени